Променливо облачно со дожд и снег!

Објавено: 21 февруари, 2013, во 08:03 часот

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно, a во јужните делови претежно облачно.

Ќе има повремени врнежи од дожд, особено попладне. Пообилно ќе врне во југоисточниот дел на земјава.

На повисоките планини ќе врне снег. Преку денот ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Утринската температура ќе се движи од – 3 до 4, а дневната од 5 до 10 степени.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со повремени врнежи од дожд.

Во вечерните часови се очекуваат пообилни врнежи.

Утринската температура ќе се спушти до 2, а дневната ќе се искачи до 9 степени.

Во наредните денови Македонијаќе биде под влијание на влажни продори од Медитеранот.

Ќе преовладува променливо облачно и топло време со повремени врнежи од дожд.

За време на викендот ќе биде топло со пообилни врнежи од дожд и забрзано топење на снегот по планините.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.