Намален бројот на “пропаднати“ бракови!

Објавено: 21 февруари, 2013, во 13:25 часот

Освен што е намален бројот на разводи во државава, исто така намален е и бројот на Македонци кои се решаваат да го кажат судбоносното ДА.

Бројот на склучените бракови во третото тримесечје од минатата година е намален за 14,4 отсто во споредба со истиот период од 2011 година и изнесува 3.299 бракови.

Во однос на разводите, во ова тримесечје од годината има намалување за 5,2 отсто во споредба со истиот период од 2011 година и нивниот број изнесува 490.

Исто така, бројот на живородени деца годинава изнесува  6.254 , а бројот на умрените лица во четвртото тримесечје од 2012 година бележи намалување од 3,2 отсто во споредба со истото тримесечје од 2011 година и изнесува 4.921 лице, а од нив 57 се умрени доенчиња.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.