Домашното млеко е здраво и исправно!
„Моја кравица 2,8 ” од Имлек Србија со рок на траење до 14.07 2013 и Млеко Дукат 2,8 +7 витамини со рок на траење до 19 04 2013 се двете млека кај кои инспекторите на Агенцијата за храна и ветеринарство утврдиле присуство на афлатоксин во зголемени количества.
Истите се во магацините на увозникот и не се пуштени во промет соопштија денеска од Агенцијата преку соопштение.
„Домашното млеко е здраво и исправно, нема присуство на афлатоксини во него. Редовно се прави мониторинг на производството во сите млекарници во земјава и тоа е доволен доказ дека домашното млеко е здраво,“ вели Дејан Рунтевски, директор на Агенцијата за храна.
Агенцијата за храна и ветеринарство од вчера почна да ги проверува и домашните млека и во однос на изборот кај купувачите предничи домашното.
„ Вчуденивидувачки е како е доволен толкав фалсификат да влезе инаку конторлираме и датум на производство и секогаш купуваме домашно нели тоа е најбезбедно.”
„Исклучиво купувам битолско.Зошто? Такво го пијат децата.”
„ Само домашно бидејќи со последните случувања со увозното не се знае.”
„ Не купувам млеко бидејќи живеам на село и домашно конзумирам по маркети не купувам.”- велат анкетирани битолчани.
По маркетите сеуште се продаваат сите спорни српски и хрватски млека за кои завчера беше потврдено од нивните лаборатории дека има канцерогени материи, продавачите забележале пребирливи муштерии по откривањето на афлатоксинот.
„Пребирливи се во последно најчесто го бараат домашното битолско млеко.”
„ Па имаме и увозно од српските, хрватските и босански мелка купуваат луѓето не првата проблеми нема реакции.”
Од Агенцијата велат дека потрошувачите треба да се сигурни во безбедноста на домашните производи бидејќи штом резултатите од суровото млеко се негативни, тогаш афлатоксинот го нема и во финалните производи.
Во земјоделската инспекција уверуваат дека нема потреба од паника кај населението бидејќи во добиточната храна што се увезува не се најдени афлатоксини.
Во однос пак на калциумот кој воглавно се прима преку млекото нутриционистите нудат друг начин на негово внесување во организмот.
„ Грст ореви изедени во попладневните часови заменуваат 100г калциум кој се внесува преку сирењето.Го има калциумот во големи клоличини во гравот, грашакот, другите зеленчукови производи не дека човек е обврзан да конзумира млеко за калциум со избалансирана храна се обезбедуваат сите потребни калциумови залихи на организамот.” вели Тања Турунџиева нутриционист.
Афлатоксинот кој го има во млекото може да предизвика менување на ДНК, рак на црниот дроб,спонтан абортус.
Афлатоксин мувла често се наоѓа во фрижидери, контејнери, силоси за складирање на храната, житарици, овошје, некој зеленчук, ореви, кафе, какао, зачини.
Во Хрватска е дозволена концентрација од 0,05 микрограми по литар млеко.
Според др Драган Јоксовиќ ова млеко е токсично на долг рок односно ако се конзумира еднаш или двапати нема да биде ништо но ако секојдневно го консумирате за 5 години е голема веројатност дека ќе заболите од рак.
Храната со афлатоксини нема ниту вкус, ниту мирис и човек по ништо не може да познае ако сте заразени.
За да се докаже труење со афлатоксини, потребни се две испитувања на крв и урина.
При второто сепак има услов храната да била конзумирана во последните 24 часа.
Најотровен е афлатоксинот Б кој во акутно труење ја нарушува координација на движењата, предизвикува вртоглавица и парализа, проследено со пролив со траги од крв, крвавење, оток, жолтица и смрт.
Текстот е превземен од ТВ Тера.