Јакимовски: “Ако нема политичка заднина зошто Урбан Инвест ја чекаше кандидатурата за да “атакува“?
За нас ваквиот атак и однесување на „Урбан Инвест“ се очекувани и подготвени сме да се спротиставиме на тоа.
За сите обвинувања постојат надлежни институции и сите наводи од нив ќе може да ги проверат, реагира градоначалникот на Карпош, Стевчо Јакимовски по демантот на “Урбан Инвест“.
“Она што е индикативно, а со што неуспешно сакаат да се одбранат дека нема политичка заднина во нивните потези, се токму нивните аргументи. Ако на 4 февруари 2013 година е примена пријавата од „Урбан Инвест“ во Државна комисија за спречување на корупција, а на 8 февруари 2013 година е примена кривичната во Основно јавно обвинителство, зошто 16 дена подоцна, токму вчера четири дена по кандидирањето или два дена по потврдата за кандидатурата од ДИК тие го соопштуваат тоа? Коинциденција или злонамерност со политичка заднина и реваншизам?“, стои во писмената реакција на Стевчо Јакимовски, градоначалник на Карпош, доставена до Дума.мк.