Пристигнати се коњите кои треба да го влечат скопскиот пајтон!
Донесени се од Грција пред десетина дена и се ставени во карантин во Волково.
Како што пишува “Утрински весник“. Таму биле пренесени откако по неколкудневно чекање ја добиле дозволата за влез во државава што ја издава Агенцијата за храна и ветеринарство, а засега е невозможно е да се добие каква било информација за коњите додека пристапот до местото каде што се чуваат е забранет.
“Фактор“, пак, пишува дека пред две седмици, бил распишан тендер за храна и ветеринари за двата коња, а се барало и опрема за двајцата кочијаши кои ќе го водат пајтонот.
За двата бели коња од расата липицанер, кои беа донесени од одгледувачница од Грција платени се околу 18.000 евра. Коњите се стари по седум години и се повеќегодишни балкански прваци во својата раса. Според најавите, пајтонот низ Скопје ќе почне да се движи напролет, а трасата допрва ќе се утврдува./ А.Д
Извор: Фактор