Почина трудница од Битола во Скопје!
Објавено: 22 февруари, 2013, во 15:03 часот
Триесет и тригодишна трудница од Битола починала во четвртокот ноќта на Клиниката за гинекологија во Скопје, дознава Плусинфо.
Трудницата имала мисетиран, односно угинат плод, и била во третиот месец од бременоста. Сè уште не се познати резултатите од обдукцијата, но првично сомневањата се на затајување на работата на црниот дроб и на бубрезите.
Ова била трета бременост на битолчанката./Е.Н
