Тргнаа планинарите од Струмица кон вечниот дом на претседателот Трајковски!
Објавено на 22 февруари, 2013 во 16:18
Осма година по ред планинарите на свој начин, со планинарски марш му оддаваат почит на трагично загинатиот претседател Борис Трајковски.
И оваа година планинари од Струмица, Радовиш, Гевгелија, Пехчево и Неготино пет дена ќе пешачат во чест на Борис Трајковски.
Вообичаено, тргнаа од родниот град на Трајковски од пред споменикот Македонија со цел во вторник на 26 февруари да стасаат во Скопје на гробиштата во Бутел и неговото вечно почивалиште. Маршутата која треба да ја пешачат е долга 202 километри, а планирано е истата да ја поминат во четири етапи.
Текстот е на Југоинфо.мк