Индија со предупредување: внимавајте кога правите зделки со фирмите на Субрата Рој!
Објавено: 24 февруари, 2013, во 08:54 часот
Индиското регулаторно тело СЕБИ и официјално ги предупреди партнерите и потенцијалните соработници со компаниите на милијардерот Субрата Рој.
Медиумите во Индија јавуваат дека регулаторот ги предупредува инвеститорите и јавноста да бидат внимателни во бизнис зделките со оваа групација.
“Сите плаќања со Sahara India Real Estate Corp Ltd, Sahara Housing Investment Corp Ltd како и со тројцата директори -Vandana Bhargava, Ashok Roy Choudhary и Ravi Shankar Dubey, да се прават на сопствен ризик, “ посочува регулаторот на пазарот во Индија, СЕБИ.
Контроверзниот бизнисмен и натаму ја бранува јавноста и во Индија но, и во Македонија со оглед на најавените грандиозни проекти.
Текстот е на Фактор.мк
