Почина актерот Бранко Ѓорчев

Објавено: 24 февруари, 2013, во 11:31 часот

По долго боледување, синоќа, почина актерот Бранко Ѓорчев, директор на Драмскиот театар-Скопје.

Ѓорчев е роден во 1962 година во Неготино.

Тој во 1986 година дипломирал на Факултет за драмски уметности, во класата на професор Вукан Диневски.

Од 1987 година работи како актер во Драмски театар-Скопје.

Ѓорчев има остварено голем број главни и споредни улоги во матичниот театар и во сите театарски институции во државата.

Погребот ќе биде извршен утре во 14 часот на Градските гробишта Бутел.

Претходно, во 11 часот, Драмскиот театар-Скопје ќе одржи комеморација по повод смртта на Бранко Ѓорчев.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.