Сојузот за иднината и дефинитивно не оди на избори. Усвои декларација!

Објавено: 24 февруари, 2013, во 12:24 часот

Со акламација Сојузот за иднината на денешната конвенција во Куманово усвои декларација за обнова на демократијата слободата и правдата во Република Македонија.

“Сегашните и идните носители на јавните функции од Здружената опозција покажувајќи висок морален интегритет и храброст поднесоа лична и семејна жртва за општото добро и повисоки цели“ стои во декларацијата која опфаќа.

1. Во наредниот период како и после 24. март, напорите за враќање на земјата на вистинскиот демократски европски колосек треба да станат врвен приоритет за секој граѓанин на РМ

2. На 24. март 2013 сите граѓани ќе бидат исправени пред досега најважниот личен демократски предизвик со својот избор да не учествуваат на вакви локални избори, всушност да дадат конкретен влог и да донесат директна одлука за себе и за иднината

3. Одржувањето на избори на кои учествува само актулената власт и лажните опозиционери се нелегитимни

4. Актуелните опозициски пратеници и кандидатите од листите за парламентраните избори одржани во 2011. година ќе ги вратат своите мандати на денот на одржување на локалните избори

5. Локалните избори на кои едонстрано ќе бидат прогласени градоначалници и совети без легитимитет задолжително ќе бидат предмет на ревизија со која ќе се преземат соодветни политички и законски механизми за нивно поништување и повторно одржување по промената на актуелната власт на превдремени парламентрани избори./ A.Д

извор: А1он

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.