Црвенковски: “Отпорот ќе се интензивира“!
Објавено: 24 февруари, 2013, во 13:05 часот
Лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски денеска на конвенцијата во Куманово најави интензивирање на отпорот во целата земја.
“На 24 март е најважниот избор, гласот на оние кои нема да излезат на избори нема да биде пропаднат, туку глас на народот. Тешко ќе биде, но ве уврерувам на крајот ќе победиме. СДСМ е бетон партија, поцврста и поединствена зашто сме на вистинската страна, не смееме да се откажеме од надежта дека битката ќе ја добиеме. За Македонија со самопочит и за почит вреди човек да не се штеди и да се бори до крај. Тие бегаат и од гласот на народот и од избори“ , рече Црвенковски и нагласи дека борбата на опозицијата била за иднината на земјата, додека власта се борела за нивните џебови.
