Нови аптеки во селата кај што нема најави Тодоров!
Објавено: 25 февруари, 2013, во 14:39 часот
Нови аптеки по селата каде нема, најави министерот за здравство Никола Тодоров. Планирани се 51 аптека, во исто толку села низ земјава.
„Со оваа новина сто илјади граѓани од руралните средини ќе имаат можност во своето село да го купат потребниот лек, а не како што беше до сега, да патуваат и по десетина километри за едно апче. Тоа за нив беше малтретирање“, рече министерот Тодоров.
И туристичкото место Пештани е меѓу руралните средини во кои ќе се отвори аптека што за Тодоров, ќе овозможи и туристите доколку имаат потреба од лекарства, да ги купат. Ќе има јавен повик за сите локации, за кои потоа ќе се делат концесии.
Квотите за новите аптеки ќе се движи од сто и педесет до двеста илјади денари, а таа сума е доволна за да се задоволат потребите на лековите според бројот на жителите во овие локации“, рече директорот на Бирото за лекови, Илчо Захариев.
Дума.мк објави дека во цела Општина Лозово нема ниту една аптека, а жителите патуваат и по повеќе од дваесет километри за да дојдат до апче. Аптеката која работела таму се одкажала од концесијата поради нерентабилно работење. За Тодоров пак во Македонија, споредбено со европските стандарди има повеќе аптеки од потребно.


