Порака до македонските лидери!

Објавено на 26 февруари, 2013 во 19:48

Заедничка изјава упатија вечерва шефовите на мисиите на ЕУ, ОБСЕ и САД во Скопје.

Нивниот повик е насочен кон лидерите на политичките партии во земјава да превземат  одговорност и без одложување да стават крај на политичката криза и да ја надминат критичната крстосница.

 

“. Моменталната криза ги загрозува аспирациите на граѓаните за подобра иднина, како и политичката стабилност на земјата. Мора да се преземат чекори за одалечување од јавните ултиматуми, фиксни позиции и краткорочни тактики, а кон приближување до директен дијалог и компромис од најдобар интерес за граѓаните и државата. Во овој контекст ги повикуваме политичките лидери да преземат одговорност и без одложување да најдат конечно решение за моменталната политичка криза“, се вели во заедничката изјава од ЕУ, ОБСЕ и САД.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.