Владата најави помош за санирање на штетите од поплавите!

Објавено на 26 февруари, 2013 во 19:26

Вицепремиерот Владимир Пешевски кој денеска беше во обиколка на најкритичните поплавени места во Струмица, Босилово и Василево оцени дека направени се огромни штети од поплавите.

Најави владина помош за надминување на штетните последици.

 

Вицепремиерот ги посети Босилово и Турново, каде надојдените води од реката Струмица, поплавија големи обработливи површини и Сушево во општина Василево, каде вчерашните поплави направија најголеми штети на инфраструктурните објекти.

“Координативното кризно тело во Владата, во кое има повеќе министри, Центарот за управување со кризи, Дирекцијата за заштита и спасување, како и претставници на загрозените општини перманентно ги следат состојбите и преземаат мерки. Денеска одлучивме Министерството за екологија да направи проценка за состојбите на браните и истата за два до три дена да ја достават до Владата. Од овде апелирам до општинските комисии за проценка на штетите да излезат на терен и извршат проценка, кога ќе се создадат услови за тоа, бидејќи Владата има соодветна програма за обесштетување“, рече Пешевски./ А.Д

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.