Се нормализира хидролошката состојба!
Координативното тело за превенција од природни непогоди констатира дека хидролошката состојба во земјава се стабилизира.
Заклучокот уследи по денешниот состанок на кој се разгледаа информациите за висината на водотеците и водостоите, како и проекциите согласно временската прогноза.
Министерството за транспорт и врски информираше дека е воспоставен континуиран мониторниг на повеќе пунктови, утврдени се повеќе мерки за санација на состојбата и преземени се натамошни превентивни мерки во сите населени места погодени од временските неприлики.
Во соработка со Црвениот крст дистрибутирани се храна и хигиенски пакети за лицата евакуирани од критичните подрачја, а е обезбедена и питка вода за подрачјата во кои е забрането користењето на водата за пиење заради поплавите. Градежна механизација е испратена да работи на расчистување на наносите и намалување на нивото на надојдените води во Куманово, Старо Нагоричане, Василево, Свети Николе и Пишица во општина Пробиштип./Б.Н.Т
