Уште еден починат од грип во Македонија!
Грипот зеде уште една жртва. На инфективна клиника синоќа починала 31 годишна пациентка од грип.
Кај неа бил изолиран грип од типот А. Пациентката спаѓала во ризична група. Боледувала од епилепсија.
Пациентката била хоспитализирана на 11 февруари во тешка општа состојба поради потешкотии кои започнале една недела пред приемот. Имала болки во грлото, изнемоштеност, покачена телесна температура и потешкотии во дишењето, поради што веднаш била поставена на механичка вентилација и отпочнат е третман со потребната антибиотска и антивирусна терапија.
За седум дена состојбата и се стабилизирала респираторната функција и виталните параметри по што била поставена на кислородна поддршка, но и покрај преземените мерки за интензивно лекување, во текот на ноќта состојбата се влошила и констатирана е смрт, објаснија од Клиниката.
Извор А1он.мк
