Потпретседателот на СДСМ, Јовановски: Добро е за Македонија кога меѓународниот фактор покажува интерес!
Објавено: 1 март, 2013, во 10:53 часот
„Добро е за Македонија кога меѓународниот фактор покажува интерес за настаните во неа и ние тоа го поздравуваме. Агендата на Комесарот Филе и неговите активности во текот на денот не ги знам. Знам дека претседателот Црвенковски ќе има средба со него. За сето она што ќе произлезе од средбите кои тој ќе ги има денес, очекуваме дека канцеларијата на Европската Комисија во Република Македонија ќе ја извести јавноста”, изјави Зоран Јовановски, потпретседател на СДСМ на протестот на Отпорот пред министерството за финансии.
Тој повтори дека доколку не дојде до политички договор за излез од длабоката политичка криза, СДСМ и Сојузот за иднината одат на активен бојкот на локалните избори. /Б.Н.T


