Европратениците ги започнаа средбите во Скопје!

Објавено: 1 март, 2013, во 11:18 часот

Како дел од напорите за надминување на политичката криза во Македонија, еврокомесарот Штефан Филе, известителот за Македонија Ричард  Ховит и поранешниот претседател на ЕП, Јиржи Бузек  утрово остварија средба со премиерот Груевски.

Тие во зградата на Владата се задржале подолго од планираното време, пренесуваат медиумите.

Лидерот на опозициската СДСМ Бранко Црвенковски морал да почека во делегацијата на ЕУ во Скопје.

Европретставниците по средбата со Црвенковски ќе остварат средба и со лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

Исто така тие ќе бидат примени и од македонскиот претседател Ѓорге Иванов.

Претставниците на меѓународната делегација попладнево ќе одржат прес конференција на која се очекува да соопштат детали од разговорите./Б.Н

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.