Опозицијата оди на избори!

Објавено: 1 март, 2013, во 14:31 часот

СДСМ се согласи на локални избори на 24. март, а после тоа ќе се разговара за предвремените избори, јавуваат некои медиуми.

Локалните избори нема да се  одложат и ќе се одржат на 24 март , а СДСМ и здружената опозиција ќе учествуваат на  нив.  Предвремени парламентарни избори се предвидени но, без прецизен датум. За тоа власта и опозицијата ќе разговараат по локалните избори.

Опозицијата  се враќа  во Парламентот,  ќе се формира ад хок комисија задолжена да ги расфетли инцидентите во Собранието од  24 декември.

Ова го постигнале како договр денеска по средбата на дипломатската тројка, Филе, Ховит и Бусек , делегациите на власта и опозцијата во претседателската резиденција на Водно.

Македонските политичари направија исчекор и покажаа демократски капацитет, во интерес на граѓаните и државата.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.