Клуч на врата на нелегални обложувалници во Тетовско и Гостиварско!
Објавено на 1 март, 2013 во 15:58
Осум „диви“ обложувалници затвори Управата за јавни приходи во рамки на активностите за сузбивање на незаконското приредување на игри на среќа.
Затворањето следи откако во изминатите четири дена, на подрајчето на двете општини, биле спроведени даночни контроли.
Во Тетовско се затворени шест објекти каде нелагалено се организарало спортско обложување, а во Гостиварско две.
Во објектите е заплената и техничката опрема. УЈП најави дека против сторителите ќе бидат поднесени кривични пријави за нелиценцираното приредување на игри на среќа./Б.Н.Т