Што содржи договорот меѓу власта и опозицијата?
Објавено: 1 март, 2013, во 16:58 часот
Во интерес на објективното информирање на јавноста “Дума.мк“ го превзема интегралниот текст од денеска потпишаниот договор меѓу власта и опозицијата со што падна одлука опозицијата да оди на избори, но и да се врати во парламентот.
1. За враќање на нормалниот политички живот:
– сите партии да се вратат во Собранието и да учествуваат на закажаните локални избори.
2. За поддршка на непосредните клучни реформски мерки, вклучително и:
– подобрување на функционирањето на Собранието, вклучувајќи ја и иницијативата на Претседателот за формирање на ад хок Анкетна комисија (која би ги разгледала, меѓу другото, настаните на и пред 24. декември, вклучувајќи ја и нивната уставност, обезбедувањето во и надвор од Собранието и преглед на собраниските процедурални правила), резултатите од кои би биле се рефлектирале во Извештајот за напредокот од страна на Европската Комисијата кој ќе биде објавен во есента 2013 година.
– изборна реформа, по локалните избори, вклучително и во однос на избирачкиот список (на пример пост-изборна ревизија на списокот) и други препораки од страна на ОБСЕ/ОДИХР.
– слобода на изразување, на пример продолжување на дијалогот со новинарите, воден од Здружението на новинари, и други мерки за изградба на довербата.
3. За изборниот календар:
– да се обезбеди соодветно време за регистрирање на кандидатските листи за локалните избори.
– да се оствари средба непосредно по локалните избори за да се разговара за внатрешно-политичката ситуација, вклучувајќи ги и наодите на Анкетната комисија за настаните од 24. декември, и да продолжат разговорите, со добра волја, за сите опции, и без прејудицирање за дефинирање на времето за одржување на следните парламентарни избори, врз основа на спроведувањето на препораките на ОБСЕ/ОДИХР, така што резултатите да може да се земат предвид во следниот Извештај за напредокот од страна на Европската Комисија.
извор: БРИФ
