Облачно со повремен дожд!

Објавено: 2 март, 2013, во 08:26 часот

Времето во Македонија денеска ќе биде променливо облачно и постудено со повремен дожд во попладневните часови кој ќе врне претежно во јужните делови.

Интензитетот ќе биде слаб до умерен и ќе изнесува најмногу до 10 литри на метар квадратен во југозападните подрачја.

На планините ќе има повремен снег. Ќе дува умерен ветер од северен правец.

Температурата ќе се движи од нула до 12 степени.

Во Скопје слично време, со температура до 10 степени.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.