Достоинство собира потписи за смена на Талат Џафери!
Објавено: 2 март, 2013, во 08:35 часот
Партијата денеска напладне ќе организира масовен собир против одлуката за назначувањето на Џафери за министер за одбрана и против албанскиот екстремизам.
Тогаш ќе започне собирањето на потписите за иницијативата со која преку референдум ќе се бара смена на Џафери. Ќе треба да се соберат 10 илјади потписи од граѓани.
Претседателот Стојанче Анѓелов е убеден дека за брзо време ќе ги соберат потребните потписи бидејќи според него не постои Македонец кој не е револтиран од именувањето на новиот министер за одбрана.
По поднесувањето на иницијативата и потписите до претседателот на Собранието, Достоинство, во наредните три дена ќе ја чека одлуката на Трајко Велјановски по која ќе треба да продолжат со собирањето на 10 илјади граѓанските потписи.
Од Достоинство соопштија дека не сакаат нивната иницијатива да се поклопи со локалните избори и да добие политичка боја.
