Нереди во Скопје!
Објавено: 2 март, 2013, во 13:27 часот
Полицијата употреби солзавец за да ги растера младите кои протестираа како поддршка за министерот за одбрана Талат Џафери.
Демонстрантите кои тргнаа од пред Јаја-пашината џамија откако стигнаа пред владата, почнаа да фрлаат со камења кон полицијата која беше во голем број распоредена пред владината зграда.
Поголем инцидент настана откако полицијата не дозволи групата да тргне накај скопскиот плоштад, по претходниот судир пред владата од каде демонстрантите ги потисна полицијата. Младите кршеа кај новиот музеј и владата, а полицијата неколку пати испука солзавец за да ги разбие. Има повредени полицајци, а дел и поради тоа што немаа заштитни маски за солзавецот.
Превземено од А1он.мк
