ДПА ја напушти седницата на Собранието!

Објавено: 2 март, 2013, во 19:32 часот

Опозициската ДПА ја напушти денешната собраниска седница свикана за да се спроведе договорот за учество на опозицијата на локалните избори.

Пратениците  се одлучиле на ваков чекор, како што рекоа,  поради инцидентите што се случија во Скопје.

Беа изречени и пцовки. Од собраниската говорница пратеникот Имер Алиу обвини дека инцидентите се креирани од власта, а полицијата не презела ништо да ги одбрани Албанците од според него „ теророт врз нив“.

Тие утре на седница на централно претседателство на партијата ќе одлучуваат дали ќе го напуштат и Собранието./Б.Н

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.