ДУИ ја обвини ДПА дека стои зад денешните протести!
Демократската унија за интеграција (ДУИ) вечерва преку соопштение испорача закана дека “секој кој ќе крене рака врз невини граѓани ќе ја добие максималната и заслужена казна и тоа сме го докажале во минатато, стои во соопштението. ДУИ обвинува дека зад протестот стои ДПА.
“Со оваа постапка ДПА го загрози животот на граѓаните, тешко го оштети имиџот на Албанците и ја загрози перспективата на земјата. ДУИ смета дека правото на протест и слободно изразување на мислењето е основно човеково право, меѓутоа изразуваме жалење за денешните настани кадешто ДПА преку своите локални структури инструментализираше еден легитимен собир на граѓаните кој имаше за цел да го изрази незадоволство за вчерашното дивеење на хулиганите низ скопските улици и со тоа еден мирен протест го претвори во насилен за сопствени тесно партиски и изборни цели“, стои во сооптението.
ДУИ повикува граѓаните да ја зачуваат ладнокрвноста и да не подпаднат на манипулациите на субјекти и групи кои се спремни да го загрозат животот на граќаните за своите тесно партиски интереси“ пишува во соопштението од владеачката ДУИ.
Претходно ДПА жестоко обвинуваше во Парламентот дека зад инцидентите и приведените предизвикувачи стои „полицијата на Груевски и на Ахмети“.
извор: БРИФ
