Груевски со повик до СДСМ: “Подржете го кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за Струга“

Објавено на 2 март, 2013 во 21:43

Премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ вечерва од Струга упати повик до СДСМ да го подржат нивниот кандидидат за градоначалник.

Според него кога била во  прашање Струга не требало  да се зборува за Бранко, Љубчо, Никола, СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДОМ или некоја трета партија, нема простор за кавги и пофaлби.

 

„Ги повикувам сите граѓани на Македонија без разлика на нивната етничка припадност, без разлика дали се ВМРО-ДПМНЕ или СДСМ, да го изберат најдоброто решение, да го изберат човекот кој по сите јавни истражувања и анкети важи за човек со многу висока доверба и авторитет и кредибилитет, за работник, за човек кој исполнува се што е потребно да биде избран за градоначалник на Струга, д-р Владо Кочовски. Ова е човекот кој нема да ги дели граѓаните по партии и етникуми“, рече Груевски./ А.Д

извор: А1он.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.