По вчерашните немири, ноќеска и утрово, на Бит Пазар мирно!
Објавено на 3 март, 2013 во 08:34
Единствени сведоци на вчерашните случувања останаа опожарените контејнери.
Животот на пластичарската улица и на Бит пазар се врати во нормала.
Таму синоќа работеле угостителските објекти во кои имало помалку гости од вообичаено за сабота навечер.
Дуќаните утрово се отворени, велат граѓани за Дума.мк.
Денеска МВР се очекува да излезе со официјални информации за вчерашните случувања.
