ДПА останува во парламентот!

Објавено на 3 март, 2013 во 14:27

ДПА ќе се врати во парламентот затоа што не сакале да бидат алиби на валканите играчи и несериозното однесување на Владата.

Лидерот на ДПА, Мендух Тачи  го изјавил ова  пред почетокот на денешната вонредна седница на партиското Централно претседателство во Тетово.

“Сите Албанци треба да бидат внатре во политичкиот процес и заедно да работиме ова разочарување да се претопи преку гласање на 24 март. Овие настани никому не му одговараат. Тоа не е игра и тие што си играат со тоа не се зрели за тоа колку е комплициран политичкиот живот во Македонија“рекол Тачи.

Лидерот на ДПА ја обвини ДУИ за валкани игри со македонските политички партии.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.