СДСМ смета дека власта долева масло на огнот!

Објавено на 3 март, 2013 во 14:56

СДСМ одговори на обвинувањата од власта дека Бранко е крив и за вчерашните инциденти во Скопје. Според нив тоа е лицемерно тврдење и долевање масло на огнот. Опозиционата партија најостро ги осуди вчерашните инциденти и повика на смиреност.

“Груевски и ВМРО ДПМНЕ не можат да избегаат од сопствената одговорност за она што и се случува на Република Македонија. Затоа, му порачуваме на ВМРО ДПМНЕ да не се обидува на било каков начин со нас да ја подели одговорноста за нивните неодговорни политики, двојни аршини, коалициски пазари и кадровски комбинаторики – порача СДСМ

Според СДСМ денешната прес конференција на власта е неодговорна, срамна, крајно лицемерна и штетна за државата.

“Партијата за чие дејствување и владеење во сите изминати години заштитен знак се меѓуетничките недоразбирања, судири и тензии, и денес се обиде одговорноста да ја наметне во опозицијата.Навистина не ни е јасно зошто Груевски по секоја цена сака меѓуетничките односи да станат доминантна тема во кампањата за локалните избори. Наместо смирување на страстите, денес режимот долева масло на оганот – изјави членот на Извршниот одбор на СДСМ, Игор Ивановски.

Ивановски рече дека ВМРО-ДПМНЕ се обидува да ги потцени граѓаните и праша зарем некој во Македонија го заборавил инцидентот на скопското Кале каде главни актери беа функционери на оваа владејачка коалиција?

“Јавноста се уште го чека одговорот по кои критериуми за премиерот, Фатмир Бесими беше помалку прифатлив од Талат Џафери за министер за одбрана? – прашуваат од опозициската партија.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.