Косовската полиција го проверува идентитетот на уапсените за случајот „Монструм“!
Објавено на 4 март, 2013 во 08:30
Македонското министерството за внатрешни работи синоќа стапило во контакт со косовската полиција, која ги уапсила Алил Демири и Африм Осмаиловиќ, осомничени дека се директни извршители на убиствата во случајот „Монструм“.
Според првичните информации на Косовската полиција двајцата уапсени одговараат на описот од меѓународната потерница.
Тие се претставиле со тие имиња, но кај нив не биле пронајдени документи за идентификација.
Министерството за внатрешни работи ќе излезе со детално соопштение откако ќе заврши постапката на целосно идентификување на уапсените.
Алил Демири и Африм Исмаиловиќ се осомничени како директни извршители на грозоморното петкратно убиство кај Смилковското езеро во кое беа убиени четворица матуранти и еден рибар./Б.Н
