Кампањата започна нокеска на полноќ!

Објавено на 4 март, 2013 во 08:50

Иако неофицијалниот почеток се случи одамна и деновиве партиски и независни кандидати вршеа своја промоција на партиски настани, трибини и средби со граѓани сепак официјално кампањата започна ноќеска на полноќ.

По првичниот, продолжен е рокот за пријавување на листите на кандидати  за градоначалници и за советници, до 8 март поради тоа што опозицијата го прекина бојкотот и одлучи да учествува на изборите.

Кампањата која официјално почнува денеска треба да  трае до 22 март, годинава.

На 23 март треба да се почитува изборниот молк.

На 24 март, годинава треба да се одржат локалните избори./Б.Н.Т

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.