Меѓународниот саем за градежништво започнува утре!
Саемот ќе трае од 5 март до 9 март на Скопски саем.
Ќе се претстават 300 компании со разновидна програма од градежништвото како: градежни материјали, изолација, кровови, малтери, лепаци, бои и лакови, подови, лифтови, системи за обезбедување, плочки и санитарии, врати и прозори во три изложбени хали.
„Саемот за градежништво и оваа година ќе понуди богата програма од градежната индустрија, а капацитетот е зголемен за околу 10% во однос на минатата година. Ќе се промовираат, нудат и продаваат производи и услуги за работа, одржување, модернизирање, реновирање и опремување објекти и имоти, а сето ова ќе привлече експерти од областа на градежната индустрија кои ќе дискутираат и склучуваат зделки во кои ќе ги вклучат и новите трендови во повеќе категории”, изјави оперативниот директор на Саемот за градежништво,Валентина Димитрова.
Саемот утре ќе го отвори Министерот за финансии Зоран Ставрески со почеток во 11 часот.
