Црвенковски: “Груевски ветил решавање на спорот со името“

Објавено на 4 март, 2013 во 21:56

Лидерот на опозицијата, Бранко Црвенковски вечерва од Струмица рече дека премиерот Груевски дал ветување пред меѓународната заедница дека ќе го реши спорот со името. Рокот кој го вети Груевски бил до јуни годинава, а Македонија на јунскиот самит на ЕУ да добие датум за почеток на преговорите.

Како што нагласи Црвенковски на вечерашниот митинг во Струмица, од каде опозицијата и ја започна кампањата за овие избори, токму поради таквите ветувања на премиерот  ја натерале опозицијата  да го прекине бојкотот и поради таа причина морало да се утврди рок за предвремени парламентарни избори.

“Нека шири колку сака едни лаги пред странците, други пред домашната јавност, предвремени парламентарни избори во Македонија ќе има. Груевски и фамилијата ќе бидат поразени и засекогаш ќе бидат испратени во срамниот дел од македонската историја“ рече Црвенковски./ А.Д

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.