ВМРО-ДПМНЕ ја започна кампањата од Охрид!
Членовите и симпатизерите на ВМРО-ДПМНЕ од цела Македонија вечерва го наполнија Охрид. Од овој град ја започнаа кампањата, традиционално, како за сите избори.
“ Ќе видат што значи митинзи, енергија, поддршка на народот и од каде ја црпиме енергијата. Дојде време. Доста ги слушавме нашите политички противници како не омаловажуваат, ајде сега да покажеме што значи нашата идеа и колку ни значи Македонија. Следните избори се референдум и зависат од секој од нас, ајде сега да се стресат градовите и селата, нека се слушнат нашите идеи. Вербата, програмата и љубовта кон татковината е посилна од свиркањето на автомобилите, пред нас е можноста за една голема победа која со сигурност доаѓа, затоа што имаме чесен и искрен пристап. Нашата идеа ќе победи, народот ќе одбере, програма и работа“ рече шефот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.
“Ние имаме и нудиме 10.119 нови проекти за 70 општини низ цела Македонија, а СДСМ не покажа ни програма, ни проекти. Сите проекти за секоја општина се прецизно обмислени со рокови за реализација. Ние се држиме до принципите, а СДСМ се држат до лажните вредности. Народот ќе одлучи меѓу дела наспроти хаос, меѓу принципи наспроти демагогија“ рече Груевски./ А.Д
