Опозицијата тргна од Струмица!

Објавено на 4 март, 2013 во 22:28

Здружената опозиција вечерва ја започна кампањата од за нив, победничката Струмица.

Лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски посочи дека  овие избори ќе биле  референдум против вредностите на политичарите кои како сидро ја влечеле државата назад.

Актуелниот градоначалник и кандидат на опозицијата за Струмица, Зоран Заев е оптимист дека во Струмица опозицијата ќе ја има најголемата победа.

“ Струмица се сака со засукани ракави со дела, а дела имате насекаде околу вас. Сите мои тројца противкадндидти се како три во едно. Јас знам дека ќе употребуваат лоши зборови за мене, но на секој кажан збор ќе возвратам со реализиран проект, рече Заев, ветувајќи им на струмичани уште поубава општина.

“И натаму остануваме да бидеме најдобро место за живеење. Вечерва порачувам 30 нови фабрики, 3. 000 нови работни места, гастрификација на струмичкото поле, ново турско мало, нови градинки, булевари, прочистителни станици. Се’ е ова за третиот мандат на Зоран Заев. И драги мои Струмичани ве повикувам на позитивна кампања. “ рече Заев/ А.Д

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.