Можна појава на одрони – внимателно возете!

Објавено на 5 март, 2013 во 07:33

На патниот правец Неготино – Лакавица – Штип поради видливи деформации на мостот на река Вардар кај с. Пепелиште превентивно се забранува одвивање на сообраќајот за тешки товарни возила, камиони, автобуси, комбиња, а дозволен е само за лесни возила и пешаци.

Пред мостот е поставена соодветна патна сигнализација.

На автопатот Е-75 на патниот правец Велес-Скопје во тунелот кај Катланово поради изведување работи на електричната мрежа – осветлување сообраќајот се одвива по една коловозна лента, каде е поставена и соодветна сообраќајна сигнализација.

Се очекува работите да потраат околу еден месец.

На патниот правец Демир-Капија-Смоквица поради преместувањето на осветлувањето во тунелот кај Демир-Капија, сообраќајот по потреба се одвива по една сообраќајна лента, за што е поставена соодветна сигнализација и семафорско решение.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.

Да се внимава на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците каде е можна почеста појава на одрони, особено на патните правци Катланово-Велес, Маврово-Дебар-Струга, Демир Капија-Удово, Кочани-Делчево и Берово-Виница кои можат да го попречат движењето на возачите.

Дежурните екипи на ЈП Македонијапат се на терен и редовно ги контролираат и одржуваат проодни сите патни правци.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

На граничните премини нема подолготрајни задржувања за влез и за излез од државата.

Задолжително е носењето на зимска опрема во возилата.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.