Денеска облачно, со локален дожд во текот на ноќта!
Објавено: 6 март, 2013, во 08:12 часот
Времето денеска во Македонија ќе биде стабилно и суво, но и умерено до значително облачно.
Ќе дува умерен на моменти и засилен јужен ветер.
Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има локален дожд со слаб до умерен интензитет најпрвин во западните и југозападните делови.
Утринската температура ќе се движи од – 3 до 4, а дневната од 9 до 14 степени.
Во Скопје претпладне времето ќе биде умерено облачно, а попладне облачноста ќе се зголеми.
Ќе дува умерен ветер од југоисточен правец.
Утринската температура ќе се спушти до нулата, а дневната ќе се искачи до 12 степени.


