Од наредната недела, ниски температури и снег во Македонија!

Објавено: 6 март, 2013, во 11:52 часот

Постудено време па дури и снег ја очекува Mакедонија од наредната недела.

Од наредниот вторник се најавува продор на студен воздух, кој ќе услови пад на температурите.

Речиси цела јужна Европа за време на викендот ќе биде под влијание на низок воздушен притисок,  кој ќе услови релативно високи температури за овој период од годината како резултат на циклонот над Атлантикот кој ќе се придвижи кон југоисточна Европа.

Но, на север ќе има услови за продор кон Европа на многу студен воздух.

Студениот континентален воздух кој ќе ги зафати северна и северозападна Европа ќе се придвижува и кон Балканскиот полуостров, а со тоа и кон Македонија. Тоа значи, дека  од вторник ,12 март, Македонија ќе биде под влијание на овој студен бран кој ќе услови пад на температурите.

Најстудените денови се очекува да бидат во периодот од 14 март до 18 Март, со ниски утрински температури во интервал од 0 до – 8 степени Целзиусови и можност за врнежи од снег./Б.Н.Т

Извор: weather4all.com.mk

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.