Молдавија отвори почесен конзулат во Струмица!
Објавено: 6 март, 2013, во 15:51 часот
Ова дипломатско преставништво почна со работа од денеска се со цел интензивирање на односите меѓу Македонија и Молдавија, но и за интензивирање на соработката со струмичките фирми кои се занимаваат со земјоделство, објави Југоинфо.мк
Имено во Молдавија развиено е лозарството и винарството па отварањето на почесен конузлат во Струмица, значи можност за воспоставување и економската соработка мегу молдавските и струмичкиот односно југоисточниот регион.

Инаку ова е прво дипломатско преставништво во Струмица.
Молдавија сеуште нема отворено официјално амбасада во Македонија./E.Н.Ј
