Фармерите во Македонија не користеле увезена сточна храна!

Објавено на 6 март, 2013 во 16:32

Претежно со храна од сопствено производство се хранат кравите во Македонија, соопшти Федерацијата на фармери на Република Македонија.

Тие тврдат дека направиле анализа за евентуалното користење на сточна храна од увоз бидејќи таа се увезува од земјите во регионот.

„Со оглед дека нашите фармери се мали, најголемиот дел од храната која им се дава на кравите е од сопствено производство или пак се обезбедува од други фармери кои произведуваат житни култури особено пченка“, стои во соопштението.

Најголем број од фармерите кои се занимаваат со производство на млеко се наоѓаат о полошкиот и пелагонскиот регион кој има поволни услови за одгледување на житни култури.

Исклучок може да биде краткиот период во пролетните месеци кога може да се јави недостаток и потреба од купување на сточна храна, најчесто трици и концентрат, а во гостиварскиот регион има пракса и самата млекара да дава сточна храна која е произведена од домашни производители, стои во соопштението на ФФРМ./Е.Н.Ј

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.