АМСМ : Возете внимателно!
Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци се одвива без забрани, по претежно влажни коловози. Слаб снег провејува на Попова Шапка, Маврово и Ѓавато кој не се задржува на коловозот.
Патниот правец П-1103 Неготино-Радовиш, односно Неготино-Штип преку Лакавица мост бр.9, преку реката Вардар,кој беше затворен за тешки товарни возила, поради деформација, оштетување на мостот е целосно затворен за сите видови на сообраќај, како и за пешаци и беше пренасочен преку Криволак, односно патен правец Неготино-Криволак-Пепелиште и тоа само за лесни возила. Забраната за тешки товарни возила на тој патен правец сеуште е на сила.
На автопатот Е-75 на патниот правец Велес-Скопје во тунелот кај Катланово поради изведување работи на електричната мрежа – осветлување сообраќајот се одвива по една коловозна лента, каде е поставена и соодветна сообраќајна сигнализација.
На патниот правец Демир-Капија-Смоквица поради преместувањето на осветлувањето во тунелот кај Демир-Капија, сообраќајот по потреба се одвива по една сообраќајна лента, за што е поставена соодветна сигнализација и семафорско решение.
АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.
Да се внимава на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците каде е можна почеста појава на одрони, особено на патните правци Катланово-Велес, Маврово-Дебар-Струга, Демир Капија-Удово, Кочани-Делчево и Берово-Виница кои можат да го попречат движењето на возачите.
Задолително е носењето на зимска опрема во возилата.
