МОСТ: “Има прекршување на изборните правила“!

Објавено на 8 март, 2013 во 19:00

Граѓанската асоцијација “Мост“ денеска на прес конференција информира дека има регистрирано прекршување на изборните правила и дека некои општински изборни комисии немаат пари за изборите.

„Општина Ранковце нема предвидено средства за изборите во рамки на  буџетот за 2013 година, две општини имаат блокирана сметка – Градско и Пласница, а ОИК Свети Николе се’ уште нема отворено сметка. Исто така има ОИК кои се’ уште немаат добиено средства на жиро-сметките, ОИК со делумно префрлени износи од предвидените, како и една ОИК на којашто предвидените  средства од страна на општината не и’ се доволни  за спроведување на нејзините активности, тоа е Чашка“, изјави извршниот директор на МОСТ, Дарко Алесов.

“МОСТ“ забележал  дека во периодот од распишувањето на изборите, па се’ до потврдувањето на кандидатските листи на 20 февруари, политичките партии одржувале промоции на своите кандидати за изборите и нивните програми. Оваа практика  не е во спротивност со  Изборниот законик, иако стануваше  збор за промоција на идните кандидати и официјалните органи.

Во досегашниот тек на кампањата повторно е забележана злоупотреба на државни и јавни ресурси, односно користење на службени возила во текот на изборната кампања, присуство на малолетници на предизборните собири и користење на навреди и омаловажувања во јавните настапи на кандидатите./ А.Д

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.