Џебен прирачник за новинарите од ЗНМ за полесно следење на изборите!

Објавено на 8 март, 2013 во 18:21

Прирачникот беше промовиран денеска од Македонското здружение на новинарите (ЗНМ).

Целта не е да се научат новинарите како да следат избори, бидејќи тие си ја знаат работата, туку да го имаат прирачникот со себе и да се потсетат на одредени правила. Најважно, според ЗНМ е да се почитува етичкиот кодекс, кој не се однесува само на изборите туку воопшто.

“Изборите не се важни само за политичарите, кои за да ја добијат довербата на граѓаните даваат разни ветувања, туку се и за обичните граѓани. Обврска на новинарите е да бидат меѓу нив и да ги пренесат нивните грижи“, рече претседателот на ЗНМ Насер Селмани, наглсувајќи дека медимуите играат важна улога во создавањето демократски амбиент.

Прирачникот, направен во џебно издание, содржи дел посветен на улогата на медиумите за време на изборите, на новинарската етика и изборите, дел за изборни нерегуларности, за јавниот сервис, Кодексот на новинарите и изборите, Меѓународната правна рамка за слободата на изразување, Македонска правна рамка за медиумско следење на избори и правилници за и пред изборната кампања./ А.Д

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.