Напнато во Струга. ОИК не ја прифатила заедничката листа на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ!
Напната била атмосферата во ОИК Струга вечерва, откако со гласање не била прифатена заедничката листа на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, пренесува А1он.
Со ваквата одлука на ОИК се одело против одлуката на Државната изборна комисија за повлекување на првичната листа за советници на ВМРО-ДПМНЕ.
“Има проблеми во Општинската изборна комисија. Ако ситуацијата остане непроменета и ако ОИК не ја повлече одлуката и не ја прифати листата и одлуката на ДИК за повлекување на првичната листа на ВМРО-ДПМНЕ тогаш ќе реагираме и ќе делуваме според сите законски и правни можности кои ни стојат на располагање. Несфатливо е ОИК да не ја почитува одлуката на ДИК. Со ова само се комплицираат работите и не сакам да помислам што стои зад ваквата одлука. Но се надевам има решение“, рекол Чушкоски за порталот А1он.
извор: А1он.мк
