Заврши дополнителниот рок за доставување кандидатури за локалните избори!
Објавено на 9 март, 2013 во 10:42
Заврши,синоќа на полноќ, дополнителниот рок за доставување на кандидатски листи на политички партии до Државната изборна комисија.
Денеска треба да се знае колку вкупно кандидатури за градоначалници и за советнички листи се поднесени.
ДИК веќе најави дека утре, недела 10 март, ќе изврши уште едно ждребување за да ги утврди дефинитивните редни броеви на листите за гласање.
Новото ждребување ќе ги опфати само кандидираните до 8 март, на полноќ, и нема да ги промени редните броеви на кандидатите од првичното ждребување во првиот рок на 16 февруари, годинава.
Денеска ќе се проверуваат новите кандидатури од страна на Комисијата за лустрација./Е.Н.Ј
