Управен суд: “ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ со заеднички листи во Струга и Кичево“

Објавено на 9 март, 2013 во 18:18

Решенијата на општинските изборни комисии на Струга и Кичево паднаа на Управниот суд.

Претседателот на општинската организација на СДСМ во Струга Ристо Ќушкоски за МИА потврди дека Управниот суд го отфрлил решението на ОИК за заедничката листа на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ за советници за овој град.

“Официјално добивме одговор од Управниот суд во наша корист така што дефинитивно ќе учествуваме на локалните избори со заедничка советничка листа со ВМРО-ДПМНЕ“, изјави Ќушкоски.

Во образложението на Управниот суд за тужбата поднесена од подносителот на листата за Кичево, се наведува дека ОИК Кичево го донела оспореното решение спротивно на законските одредби. Не било земено предвид дека ВМРО-ДПМНЕ ја повлекла советничката листа за Кичево и оти Државната изборна комисија на вчерашната седница го поништила решението на ОИК од 18 февруари за потврдување на оваа листа.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.