Амди Бајрам: “Не ќе можат Бранко ни во болница да го состават по изборите!?

Објавено на 9 март, 2013 во 21:56

Кога е во прашање Амди Бајрам можно е да се слушне се па и закани.

Тој вечерва, од митингот на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје  упати закана по живот  до лидерот на македонската опозиција Бранко Црвенковски. Искажаната закана од “Амди –Кока кола“ со насмевка беше пречекана од претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

 

“Не ќе може Бранко ни во болница да го состави Камиловски по изборите… и кај Бранко да му одиме на посета кај Камиловски да го сошие“ рече Амди Бајрам.

Дали со ваквата порака Амди најави некакво црно сценарио е прашање што ќе треба да и го одговори веднаш на македонската јавност./ А.Д

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.