Апсење на четвртото сенародно востание во Љубљана
Објавено на 9 март, 2013 во 22:09
Поради нарушeн јавниот ред и мир, полицијата во Љубљана, притворила тројца демонстранти кои на улица излегоа во рамките на четвртото сенародно востание.
Дел од демонстрантите се собрале пред полициската станица и барале нивно ослободување, пишува Журнал 24.
Еден од тројцата демонстранти бил уапсен поради фрлање на боја на државната зграда, додека другите двајца пружиле отпор на полицијата.
Според очевидци, полициската интервенција била груба, а насобраните извикувале “пуштете ги невините“.
На четвртото сенародно востание се собрале околу пет илјади демонстранти.
Од плоштадот тие се упатиле кон зградата на судот каде симболично ја погребале државата.
Демонстрантите се на улица и протестираат против владеачката политичка елита во Словенија./ А.Д
