Недела на сонце, дожд, снег, мраз и ветер е пред нас!
Динамична и неизвесна недела во поглед на времето. Синоптичарите прогнозираат дека во неделата што е пред нас ќе имаме можност да ги видиме сите годишни врмиња одеднаш. Ќе има сонце, дожд, пад на температурата и снег.
Во Македонија во понеделник во утринските часови појава на магла ке има во југоисточните предели, а во текот на денот ке биде претежно сончево со локална облачност и ветровито. Ке дува умерен јужен и југозападен ветер, а во западните предели ке дува засилен југозападен ветер кој ке достигне брзина и до 50 км/ч. Утринските температури од 3°C до 8°C, а максималните дневни температури ке достигнат до 21°C.
Во вторник умерено облачно и нестабилно со локални врнежи од дожд. Максималните дневни температури ке се движат од 8°C до 19°C.
Од среда следува период на постепен пад на температурите.
Во среда во Македонија ке биде претежно облачно со слаби врнежи од дожд и ветровито. Врнежи од снег се очекуваат над 1500 метри надморска височина. Во вечерните часови и во текот на ноќта среда кон четврток се очекуваат поинтензивни врнежи од дожд. Утринските температури ке се движат од 1°C до 7°C, а максималните дневни температури ке се движат од 8°C до 17°C
Во четврток ке биде облачно со поинтензивни врнежи од дожд кои ке бидат проследени со засилен ветер кој ке достигне брзина и до 50 км/ч. Во вечерните часови врнежи од снег ке има над 1200 метри надморска височина.Ќе дува засилен јужен и југоисточен, а во западните предели ке дува засилен југозападен ветер. Утринските температури од 2°C до 8°C, а максималните дневни температури ке се движат од 6°C до 16°C.
Во петок облачно и нестабилно со слаби врнежи од дожд и ветровито. Врнежи од снег ке има над 1000 метри надморска височина. Ке дува засилен југоисточен, а во западните предели засилен југозападен ветер. Во вечерните часови ветерот ке го промени правецот и ке дува засилен северозападен односно североисточен ветер, кој ке услови пад на температурите и врнежите од дожд ке преминуваат во врнежи од снег над 400 метри надморска височина. Утринските температури ке се движат од -2°C до 4°C, а максималните дневни температури ке достигнат до 3°C односно до 13°C.
Во сабота во Македонија во утринските часови ке има појава на умерен мраз, а во текот на денот ке биде умерено облачно со сончеви периоди и студено, само во западните, северозападните и југозападните предели ке биде умерено облачно со врнежи од снег, над 300 метри надморска височина. Кон крајот на денот врнежите ке престануваат и постепено разведрување. Ќе дува засилен северозападен ветер, а во западните предели ке дува засилен северозападен и североисточен ветер. Утринските температури ке се движат од -7°C до -1°C, а максималните дневни температури ке достигнат до -1°C односно до 8°C.
Во недела во утринските часови ке има појава на умерен мраз, а во текот на денот ке биде претежно сончево со локална облачност, студено . Ке дува умерен ветер со променлив правец. Утринските температури ке се движат од -9°C до -3°C, а максималните дневни температури ке достигнат до 0°C односно до 9°C.
Извор : Weatherall.com.mk
